| |

(Видео) Погледнете го целото интервју на Христијан Пендиков за БТВ: „Сонувам да се вратам во Македонија, да кажам дека сум Бугарин и никој да не ми направи ништо, не само на мене, туку и на сите, кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари“

„Сонувам да се вратам во Македонија, да кажам дека сум Бугарин и никој да не ми направи ништо, не само на мене, туку и на сите, кои живееме во Македонија и сме македонски Бугари“, ова го изјави Христијан Пендиков, претепаниот секретар на бугарското здружение „Цар Борис III“ од Охрид во ексклузивно интервју за бугарската телевизија БТВ.

Во интервјуто Пендиков изјави дека неговата мајка добивала закани за убиство, бидејќи „тие биле предавници и треба да се иселат од Македонија“.

Пендиков обелоденува исто така дека поднесувал пријави за заканите кон него, како што самиот вели 5-6 пати во времето пред нападот, но полицијата не преземала ништо.

Тој открива и што се случило после нападот врз него, како од полиција му кажале да дојде самиот во станица и како дежурниот полицаец му рекол дека не е за во полиција, туку треба да оди во итна помош.

Во интервјуто Пендиков им се заблагодарува на бугарскиот Претседател, бугарските власти, бугарскиот народ, на докторите, сестрите и целиот персонал на Военно-медицинска академија во Софија и на д-р Милен Врабевски, кој според неговите зборови многу му помогнал.

Погледнете го целото интервју на Христијан Пендиков за БТВ во видеото што следи:



Слични Објави