(Видео) „Последната одбрана“ на Саво Коцарев: Југославија за нас не беше слобода-таа беше ропство

//

Југославија, сеедно дали беше кралската на или титовата социјалистичка, за нас не беше слобода-таа беше ропство. Ова го вели во својот последен јавен настап снимен на видео големиот македонски адвокат и титов затвореник Саво Коцарев, кој го заврши својот земен пат пред 40-тина дена.

„Педесет и две години бев адвокат и бивш осуденик. Бев невин а осуден на шест години затвор со тешка присилна работа. Од Централниот затвор во Скопје, бевме префрлени во затворот во Идризово каде бевме подложени на тешка, измачувачка до смрт работа. Ние бевме група од девет души осуденици, работевме во група за производство на цигли и нашата норма беше 6.300 цигли на ден, за да можеме да добиеме двесте грама леб на ден. Осуден бев за слобода на мислата, за разговор и изразена желба за самостојна Македонија, вон од границите на Југославија. Југославија, сеедно дали беше кралската на или титовата социјалистичка, за нас не беше слобода-таа беше ропство“, вели покојниот Коцарев во својот последен јавен настап од крајот на октомври минатата година, во видео снимено на настан организиран од организацијата на правници Iuridicaprima.

Во своето обраќање пред присутните по добивањето на наградата за неговите заслуги за правото и правниот систем во земјата, Саво Коцарев прави пресек на целиот свој живот, живот на осуденик, маченик, а подоцна и на адвокат на мачениците како него.

„Со мене лежеа многумина. Ташко Крстев од Ресен, ученик,  единец на своите родители, но и на неговиот чичко кој беше без деца, почина од измачувањата централниот затвор во Скопје. Тука беше и Петар Мостров, кој подоцна стана лекар, беше осуден на три години, Крум Миладинов, потомок на славното семејство Миладинови од Струга, беше осуден на пет години, Кирил Мојсов од Струга, од познато трговско семејство осуден на осум години,  како и Климент Евров, од семејството Еврови од Струга, осуден на осум години. Сите издржавме, завршивме образование и станавме почитувани во својата средина. Јас сакав да студирам медицина како мојот стрико Анастас Коцарев, познат европски лекар, но судбината и затворот решиле да бидам адвокат, да бранам невини луѓе, како што јас бев невин во затвор“, вели Коцарев. 

Иначе, Анастас Коцарев (Охрид 1889-1931 Париз) е лекар онколог, соработник на Марија Кири и личност која ги обединува македонските организации во времето пред и по Првата светска војна. Денес во Скопје една улица го носи неговото име, додека во Охрид нема таква улица.

Последните зборови Коцарев ги кажува со повисок тон, полн со пркос и обвинување кон оние кои ја кроеле судбината на македонските патриоти, за до денешен ден никој од нив не побара одговорност, па дури ни морална. 



Погледајте го видеото со “последната одбрана“ на Саво Коцарев, пркосниот и нескршлив Саво, веројатно последниот ванчомихајловист од старата генерација на нашите македонско-бугарски пространства:



Претходна статија

Владата ја испрати до Собранието одлуката за намалувањена акцизата и ДДВ на горивата, на ред се пратениците кои треба да гласаат

Следна статија

Во Софија успешен состанок на работната група за евроинтеграции

Најново од Вести