|

(Видео) Пожар во зграда во Чаир, станарите евакуирани, неколкумина побарале лекарска помош оти вдишиле чад

Пожар избувна во подрусмки простории во зграда во скопската населба Чаир, а неколкумина станари, пожарникар и полицаец побарале лекарска помош откога вдишиле од чадот.

Според информациите од МВР, пожарот избил синоќа, а противпожарната бригада  добила пријава дека огнот се раширил од магацин на неутврдена површина на улицата Прохор Пчински во Скопје.

Пожарот зафатил и продавница, а интервенирале 20 пожарникари со седум противпожарни возила.

Екипите на противпожарната бригада веднаш излегле на терен, а според информациите биле евакуирани околу 100 лица.

Слични Објави