|

Пожарот на Илинска планина не е навлезен во шумата, но чад се гледа од две места, активни се 10 пожари

Сѐ уште чади од двата краци што се ставени под контрола на Илинска планина, каде пожари беснеат повеќе од десет дена.

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, изјави дека пожарот не е навлезен во шумата.

„Во моментов гледам чадење кое е само еден од краците кој што е ставен под контрола, за жал и на другата страна, во насока на Охрид гледаме чадење од другите краци, вториот крак кој што е ставен под контрола. Станува збор за два посебни пожари бидејќи се многу оддалечени еден од друг“, рече Ангелов.

На територијата на државава во моментов се активни 10 пожари, 10 се целосно изгаснати, а пет се ставени под контрола.

Ангелов ја опиша состојбата како крајно сериозна и апелираше до граѓаните да бидат исклучително внимателни, бидејќи предизвикувањето на нови пожари е опасно. Штетите се огромни, но притоа може да бидат загрозени и човечки животи како и населени места.

Слични Објави