|

(Видео) Преговорите Скопје-Софија- коментар на Спас Ташев и Љубчо Нешков

„Јас навистина жалам што немаме добри односи, но македонските политичари треба да созреат и да ја кажат вистината на својот сопствен народ. Не можат да се гордеат со злоделата што ги извршиле и да ги кријат вистинските херои. Ова е земјата со најмногу убиени баби. Постојат тврдења дека Бугарите убивале за задоволство“, изјави Љубчо Нешков во утринската програма на БНТ „Денот почнува“.

Новинарот и сопственик на агенцијата БГНЕС ја коментираше и изјавата на Зоран Димитровски дека е добро и тоа што Македонија ќе се преправа дека ќе има добри односи со Бугарија.

„Секој контакт меѓу двете влади е добредојден. Во моментот се наоѓаме во една фаза на чекање и се е во сферата на добрите желби. Од таа перспектива не е лошо да земеме поука од грешките што сме ги направиле во минатото. Ова не е првиот обид за зближување меѓу двете земји. Се сетив за барем три такви обиди. И сите завршија катастрофално“, коментира Спас Ташев од БАН.

Ташев и Нешков изнесоа свои ставови во однос на какви одлуки се очекуваат од заедничката седница на владите на РС Македонија и Бугарија.



Слични Објави