| |

(Видео) Претседателот на МПО „Правда“ од Канада Александар Караџов: Бугарскиот народ треба да застане во одбрана на Бугарите во Македонија и бугарското минато

Целиот бугарски народ треба да биде обединет, без кавги, за да се одбранат Бугарите во Македонија и бугарското минато. Ова во емисијата „Брисел 1“ на познатата бугарска новинарка Милена Милотинова го изјави Александар Караџов, претседател на МПО „Правда“ од Канада и внук на познатиот револуционер на ВМРО Иван Караџов.

„Мојот дедо Иван Караџов, кога починал во 1934 г. носел војничко палто и кога го прашувале зошто го носи палтото, велел дека го носи, затоа што до ослободувањето на Македонија, сите треба да се сметат мобилизирани, сите треба да бидат војници. Токму сега ние треба да се сметаме за мобилизирани. Не само ние туку целиот бугарски народ треба да биде мобилизиран и да се обедини, без расправии и кавги, да застанеме сите во одбрана на Бугарите во Македонија и бугарското минато“ , вели Караџов.

Минатата недела токму Александар Караџов како претседател на МПО „Правда“ испрати писмо до Конгресот во САД, како реакција на обидот од страна на организацијата Обединета македонска дијаспора да протне резолуција во која се бара во САД месецот септември да биде прогласен за „Месец на македонско-американското наследство “.

„Писмото го напишавме пред неколку дена и веќе го испративме во Америка. Јас го потпишав како претседател на МПО „Правда“. Го напишавме писмото бидејќи следиме што се случува во Македонија и во Бугарија и ситуацијата воопшто не е добра“, вели Караџов.

Тој додава уште дека МПО Правда е создадена кон македоно-бугарската црква во Торонто, која го носи името на светите браќа Кирил и Методиј. Караџов вели дека црквата е создадена од емигранти од Македонија во 1910 г.

„Црквата е изградена од емигранти по Илинденското востание во 1910 г. Таа се нарекува македоно-бугарска затоа што им припаѓа на Бугарите од Македонија. Кога тие дошле тука ги немало ниту Тито, ниту Георги Димитров, а немало ни македонски јазик, азбука и нација. Тие дошле тука како чисти Бугарија и ја изградиле црквата. Подоцна ја создаваат и организацијата и се сметале себе си за Бугари, затоа што тогаш друго немало. Во Уставот на црквата е запишано да се создаде и бугарско неделно училиште“, вели Караџов во емисијата „Брисел 1“.

Повеќе погледнете во видеото што следи:



Слични Објави