(Видео)Проф. д-р Јован Донев: Турското и српското влијание во Македонија се огромни и никој не ги контролира
Поранешниот амбасадор на Македонија во Лондон проф. д-р Донев во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 изјави дека турското и српското влијание во Македонија се огромни и никој во Македонија тоа не го контролира
„Турција е многу важен сојузник за било која држава. Вие не можете Турција цело време да ја игнорирате. Таа им е исклучително важна стратешка позиција за интересите на Европа и САД на Блискиот исток. Значи вие морате некаде да и дадете компензација на Турција… Македонија, Босна , Косово и Албанија. И Грците се свесни за тоа и затоа потпишуваат договори во Персискиот залив“, изјави професорот и поранешен амбасадор на РС Македонија во Лондон, Јован Донев, во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24.
Донев е дециден дека српското влијание во РС Македонија е огромно и истото е на отворена врата и не е контролирано од никого.
„Српското влијание кај нас е огромно, тоа е на отворена врата и никој не го контролира, како што никој не го контролира и турското влијание. Турското влијание во Македонија преку турски серии наметнува поинаква култура. Тоа истото се случува и со српското влијание. „Ѕвезде гранда“, тоа е страшно, никој не го контролира тоа во Македонија“, вели Донев.
Што уште кажа проф. д-р Донев погледнете во видеото што следи:
