(ВИДЕО) ПРОТЕСТ ПРЕД ВЛАДАТА ВО СОФИЈА ПО ОБЈАВУВАЊЕТО НА НОВИТЕ МЕРКИ ПРОТИВ КОРОНАВИРУСОТ

Објавувањето на новите мерки против ширењето на коронавирусот Ковид-19 предизвикаа протест пред зградата на Владата во Софија. Во протестот како што јавуваат бугарските медиуми зеле учество активисти на движењето „Системот не’ убива“ и проруската партија „Преродба“ на Костадин Костадинов.

loading...

Порано денеска министерот за здравство на Бугарија Костадин Ангелов ги соопшти новите рестриктивни мерки што ќе бидат воведени од петок 27 ноември и ќе важат до 21 декември со опција за олабавување.

Според одлуката во Бугарија се стопираат дејностите на училишта, универзитети, центрови за јазици и друга обука, се прекинуваат сите спортски активности во колективните и индивидуалните спортови, се затвораат големите шопинг центрови, театрите, кино салите, казината, фитнес центрите и сите локали во кои се служи пијалок и храна.

Во овие вонредни услови ќе продолжат со работа: Продавниците за храна, малите локални продавници, аптеките, оптиките, продавниците за домашни миленичиња, банките и фирмите за финансиски услуги.


loading...

Религиозните храмови, парковите и градинките нема да бидат затворани, но ќе се почитуваат мерките за физичка дистанца.