(Видео) Сарафов: Возачот на автобусот што се запали на автопатот „Струма“ најверојатно возел со брзина поголема од 90 км/ч

//

„Истрагата за сообраќајната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија е кон својот крај и ги очекуваме конечните заклучоци од спроведените експертизи- судско-медицинска, техничка, противпожарна и целосна. Тоа може да се случи уште пред Божик“, изјави заменик- главниот обвинител Борислав Сарафов, во утринската програма на Бугарската национална телевизија „Денот почнува“.

Според Сарафов брзината со која што се движел автобусот најверојатно била повеќе од 90 км/ч. Тоа значи дека е возможна манипулација со возилото, бидејќи повеќето патнички автобуси имаат технички ограничувања во однос на брзината.

„Во целина, барањата кон еден професионален возач на автобус се поголеми во однос на останатите возачи. Затоа е потребно брзината да одговара на моментот, независно на маркирането на патот. Да, можно е маркирањето на патот да не било на потребното ниво и тоа очигледно е така, но нема никаква причинско-последична врска меѓу сообраќајната несреќа и лошото маркирање на патот. “, вели Сарафов.



Според мислењето на истражителите најверојатната причина за сообраќајката е човечка грешка.

Претходна статија

Ангелов очекува „козметички корекции“ во Владата

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски го прикажува курсот на Харвард како факултетска диплома?!

Најново од Вести