| | |

(Видео) Шампионот од Вимболдон Иван Иванов: Рафаел Надал ми се јави за да ми честита

Сензацијата на бугарскиот тенис – Иван Иванов, вчера се врати во родната Варна по големиот триумф за време на викендот. Тој го освои јуниорското издание на Вимблдон, со што стави крај на долгото чекање без трофеј од Мастерс турнирите, јавува БГНЕС.

Последниот Бугарин пред него што триумфираше среде Лондон беше Григор Димитров, а сега за малку не дојде и до целосно бугарско финале.

Околу 19:30 часот десетици љубители на тенисот се собраа на аеродромот во Варна за да го пречекаат шампионот. Тој слета крај Црното Море со директен лет од Лондон со мало доцнење во 19:44 часот.

Иванов изјави пред медиумите дека се надева дека ќе се подобри на тврда подлога и призна дека лично Рафаел Надал му честитал во минутите по големиот успех во Лондон:

„Ми кажаа за атмосферата. Привилегија е да бидам овде по успехот на Вимблдон. Трофејот е во една од торбите. Ветив дека во четврток ќе го покажам на прес-конференцијата.

Сега ме очекува подготовка за US Open. Во програмата имам и три турнири во Бугарија. Се подготвувам за сето тоа.“

Слични Објави