|

(Видео) Слобода наместо доживотен затвор за осудените за убиството кај Смилковско, очекуваат адвокатите од Врховен

Без исказот од заштитениот сведок, пресудата за „Монструм“ не може да опстане, тврди адвокатот Асмир Алиспаиќ, бранител во случајот за убиството на младите момчиња кај Смилковското Езеро. Тој бара од Врховен суд да изрече ослободителна пресуда за лицата кои се осудени дека го извршиле крвавиот масакр околу празникот Велигден. Укажуваше и на незаконски постапувања во текот на постапката која се водеше во Кривичен, а потоа и во Апелација.

„Она што сакам да потенцирам, а тоа е во поглед на т.н. нови сведоци кои продефилираа во првостепената постапка. Тие само дополнително докажаа дека овој предмет треба да добие една единствена ослободителна пресуда. Но за жал ни првостепениот суд имаше храброст и доблест да ја донесе таа одлука а ниту второстепениот суд, ние очекуваме дека највисокиот суд нема да иде против завземениот став со пресудата која е потенцирана од наша страна.

Втор момент околу незаконитоста на тие докази, отворете го извештајот кој е направен по барање на СЈО изработен од МВР во поглед на постоење или непостоење на писмени валидни наредби издадени од истражен судија. тоа е потенцирано во тој извештај, а сето тоа како одлука го има и врховен суд со одлука која што е потврдено дека докази прибавени на незаконит начин не може да бидат употребени во кривична постапка. Очекуваме една и единствена одлука а тоа е да се укинат одлуките и предметот повторно дасе врати на одлучување пред пониските судови“, рече адвокатот Алиспаиќ.

Тој посочи дека ако заштитениот сведок и неговите искази ги нема во предметот, ќе немало ниту докази. Со ова, адвокатот укажува дека пресудата се темели само на овој исказ.

„Ние како одбрана, не очекуваме ништо мимо она што како став го има заземено претходниот судечки совет кој одлучивал по нашите жалби и донел одлука да се уважат тие наши жалби тоа е на 31.10.2017 година. Токму и во јавнодостапната одлука на врховниот суд јасно се укажува во делот на она што се вели теорија на случај на јавното обвинителство. Беше посочено од наша страна дека таа теорија може да опстане со два споредни клучни докази тоа е исказите на заштитениот сведок и наводната изјава која според нив е прибавена на законит начин на сега обвинетиот Хаки Азири. Ако го немаме повеќе заштитениот сведок и исказите на зашитениот сведок, тогаш се поставува прашањето како може да опстане повторно една ваква пресуда каде ни првостепениот ни второстепениот суд постпаил по тие јасни напатсвија кои ги укажа врховниот суд. Со таа одлука што според мене не е доволно експолатирана во јавноста и кај лицата кои се заинтересирани овој предмет да добие релевантна правна завршница во пглед на постоење или непостоење на кривичното дело“, додава Алиспаиќ.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута. Врховниот суд во 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири. Предметот беше вратен на повторно судење. Во 2018 година случајот го презеде поранешното СЈО. Во септември 2019 година предметите на СЈО ги презема Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал. На повторно судење, во 2021 година, Кривичен изрече три доживотни казни за бегалците Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, како и Агим Исмаиловиќ. Обвинетиот Хаки Азири беше осуден за помагање за што доби единствена казна во траење од 9 години. Фејзи Аризи, е осуден за помагање на сторител по извршено кривично дело на 15 години затвор.
Видеото погледнете го ТУКА

Слични Објави