(ВИДЕО) СЛУШНЕТЕ ЈА МОЛБАТА НА ЕДНА ДОКТОРКА ОД ИНФЕКТИВНА: НОСЕТЕ ГИ МАСКИТЕ И ОДРЖУВАЈТЕ ДИСТАНЦА

Министерот за здравство Венко Филипче на својот Фејсбук профил објави видео-сведоштво од д-р Катерина Спасовска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби на кое таа укажува дека персоналот е преморен, но дека сака да помогне и апелира да се почитуваат мерките за заштита од корона вирусот.

,,Преморени сме, но сѐ уште сме ентузијасти и мотивирани да помогнеме на секој кој има потреба од наша помош. Почитувајте ги мерките за да се заштитите себеси и да ни помогнете на нас, здравствените работници”, вели  д-р Катерина Спасовска.