(ВИДЕО) СОСЕМА „СЛУЧАЈНО“ ДАРКО МИТРЕВСКИ ГО ОБЈАВИЛ „ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“ НА YOUTUBE ТОКМУ КОГА ОДНОСИТЕ МЕЃУ СОФИЈА И СКОПЈЕ „ВРИЈАТ“

Режисерот на филмот Трето полувреме Дарко Митревски го објави своето дело за пошироката јавност. Митревски целиот филм го објавил на својот youtube канал, точно на 23 октомври, денот на формирањето на историската ВМРО.

Дали овој потег на режисерот е случаен или не, оставаме на читателите на порталот да проценат. Во моментот односите меѓу Скопје и Софија се на своето најлошо ниво од самото осамостојување на Р. Македонија.

Потсетуваме дека лентата предизвика бројни реакции кај нашиот источен сосед, заради содржината може сосема слободно да се определи како антибугарска, заради големиот број неточности и тенденциозност во претставувањето на реалната историска слика од тоа време.