(Видео) Српскиот патријарх Порфириј по повод годишнината од смртта на кралот Стефан Милутин го поздрави лидерот на ПОА Јован Вранишковски

//

Српската православна црква, којашто е најверниот сојузник на современиот српски шовинизам на Балканот, ги започна прославите на 700-годишнината од смртта на кралот Стефан II Милутин (1282-29 октомври 1321) во РС Македонија, но без да покани локални научници, јавува BGNES.

Во 8-минутно видео обраќање, српскиот патријарх Порфириј во делот кајшто ги прославува делата на кралот Стефан II Милутин не ја спомнува Македонија. На почетокот од видеото тој го поздравува лидерот на незаконската Православна Охридска архиепископија Јован Вранишковски, којшто го нарекува „охридски архиепископ и скопски митрополит“ На трибината што се одржува на територијата на РС Македонија не биле поканети македонски научници или претставници на МПЦ-ОА. Во истото време, српскиот патријарх нашироко зборувал за освојувањата на овој средновековен српски владетел, кој освоил значајни делови од денешна РС Македонија и Албанија.
Во последниве години, улогата на Српската православна црква во белградската дипломатија се зголемува. Многу западни аналитичари и балкански политичари, вклучително и црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, постојано јавно предупредуваа за нејзината политика на поддршка на аспирациите на Србија кон соседните земји.
СПЦ игра важна улога во таканаречениот проект „Српски свет“, со кој Белград и наследниците на југословенскиот диктатор Милошевиќ – претседателот Александар Вучиќ и Ивица Дачиќ – сакаат да го повратат влијанието во соседните земји. Црна Гора и РС Македонија се предмет на најголема духовна агресија.

Посмртните останки на кралот Стефан Милутин се наоѓаат во центарот на Софија во црквата „Света Недела“. Овој факт на крајот на 19 и првата половина на 20 век се користи од Србија за територијални претензии кон Бугарија и нејзиниот главен град.



Претходна статија

Мицкоски од Кичево со порака до администрацијата: Не се плашете за вашите работни места

Следна статија

Арсовска не прифати дуел со Шилегов: Барам извинување

Најново од Вести