(Видео) Стефанов: Русија сака да ја прошири војната
Русија сака да ја прошири војната. Ова го вели новинарот Чавдар Стефанов, долгогодишен дописник на БНТ и БНР од Москва, во емисијата „Одговорите со Спасијана Кирилова“ на бугарскиот информативен портал Actualno.com. Тој го коментираше текот на војната две години по руската инвазија на Украина:
„Русија сака да ја прошири војната. Во основа, се може да се очекува од диктаторот Путин. Русија во моментов е една земја, вертикално изградена, со сите елементи на фашистичка држава. Вклучувајќи го и цивилното население. Преку патриотизам, за големината на државата. Едно од „достоинствата“ во наводници на руската пропаганда е тоа што таа успеа да ја пренесе војната на населението и да ја прогласи за национална. Дури и да објасни дека луѓето ја претпочитаат руската величина, големината на земјата, наместо лебот и солта“, изјави Стефанов.
