(Видео) Свечен дочек на шампионската репрезентација на Бугарија во одбојка за девојки до 19 години
Спортската сала „Христо Ботев“ во Софија беше сцена на свечениот дочек на младинската женска одбојкарска репрезентација на Бугарија, која пред само еден ден стана светски шампион во конкуренција до 19 години, јавува БНР.
Бугарките одиграа блескава финална средба и успеаја да ги совладаат актуелните шампионки од САД со 3:1 во сетови, освојувајќи ја толку долго посакуваната титула.
Веднаш по триумфот, бугарската одбојкарска федерација соопшти дека ќе организира свечен прием во нивна чест, кој се одржа во салата во студентскиот град.
Златните девојки кои ја донесоа оваа историска радост за бугарскиот спорт се: Димана Иванова, Александра Китипова, Калина Венева, Вјара Парапунова, Деница Ангелова, Дарина Нанева и либерото Викторија Нинова, како и Александра Китипова и Една Тодорова.
