(Видео) Тетјана Станева: Можеби е голем грев да сакаш силно една земја, но ако го имам тој грев и не отидам во Рајот, а Рајот не изгледа како моето село, таков Рај не ми е потребен
Можеби е голем грев, толку силно да сакаш една земја, бидејќи сите сме привремено на таа земја, но ако го имам овој грев и нема да отидам во Рајот, а Рајот не изгледа како моето село, таков Рај не ми е потребен. Со овие полни со тага зборови Бугарката од Бесарабија Тетјана Станева го заврши своето гостување во „Вечерното шоу на Слави Трифонов“, кое се емитува на бугарската телевизија Седем-осми.
Водителот на шоуто Иво Сиромахов ја нарече својата гостинка „една достојна Бугарка“.
Во шоуто Станева раскажува за животот на бесарабските Бугари, кои како и сите граѓани на Украина се жртви на руската агресија, што започна пред две години. Слушнете ја потресната приказна на Станева, која е автор и на документарниот филм „Писма од војната. Писмо бр 1 Пулсот на војната“.

