|

(Видео) „Тој е разгалено, монструозно дете“ – крик на мајка ја прекина тишината на собирот пред училиштето во Белград

Морничавата тишина пред училиштето, каде што се собра огромна маса народ да им оддаде почит на убиените ученици и чуварот Драган, ја прекина плачот на мајка чија ќерка била на списокот на 13-годишниот Коста.

Таа рече дека момчето убиец било сакано.

„Беше сакан. Имаше заљубени девојчиња во него. Тој е разгалено, монструозно дете. Мојата ќерка беше на неговиот список“, вика низ солзи расплаканата жена.

Potresan govor majke čija ćerka je bila na spisku pic.twitter.com/dTWD5f3ctP

— Video clips (@_Clip_rs) May 4, 2023

Таа смета дека треба да се симне транспарентот „Разговарајте со децата“, бидејќи со нив било разговарано, пишува Блиц.

„Го познавав дечкото, беше во мојата куќа. Не играше игри, не беше малтретиран, девојките беа заљубени во него, Не живеете во лаги“, низ солзи вели вознемирената жена.

„Воопшто не го жалам“, вели таа.



Слични Објави