| |

(Видео) Томас Лебамов: Ванчо Михајлов ме заколна да не ги предавам идеите на МПО и ВМРО

„Јас сум Американец, но сум етнички Бугарин. Не можам да тврдам дека сум Македонец, но додека растев беше лесно да кажам дека сум Македонец, затоа што тоа е според географскиот регион. Моето семејство е од Егејска Македонија и од мали, од дедо ми знаевме дека можеш да си Бугарин, Србин, Турчин, Евреин, Влав или Романец, во регионот на Македонија, но не можеш да си етнички Македонец“, изјави Томас Лебамов од МПО „Пирин“ Чикаго, син на познатиот активист и лидер на МПО Георги Џорџ Лебамов.

Томас Лебамов зеде учество во Националната конференција „Европска перспектива за добрососедските односи меѓу Република Бугарија и Република Северна Македонија“, што се одржа вчера во Софија.

Лебамов раскажа пред присутните за неговата средба со последниот лидер на ВМРО Иван Михајлов во Рим во 80-тите години на минатиот век.

„Иван нè погледна мене и мојот брат, посочи кон нас со долгиот прст… Ме гледаше со блескавите сини очи и рече: „Ти си Бугарин и твоето семејство го зборува стариот бугарски јазик, уште од времето на царот Самуил и неговите војници…“ Тогаш ми рече: „Не ја предавај идејата на МПО, така како што се колнеш денеска, не ги предавај идеите на ВМРО“, разкажува Лебамов.

Михајлов извадил една Библија ја ставил на масата во кујната, ставил врз неа стар нож и стар пиштол и според зборовите на Томас Лебамов, тој и неговиот брат се заколнале во ВМРО.

„Владата нема да ти каже што да правиш. Никој нема да ти каже кој си. Моето семејство, мојот духовен отец, ми кажаа кој сум… Ванчо… Можам дури да се вратам назад четири генерации, до Димитар Лебамов, сите тие се Бугари“, вели Томас Лебамов, активист на МПО Пирин Чикаго и син на поранешниот лидер на МПО Георги Џорџ Лебамов.



Слични Објави