| | |

(Видео) Трендафилов: Стигматизацијата е најчестиот проблем, со којшто се соочуваат Бугарите во РС Македонија

Стигматизациjaта безусловно е најчестиот проблем, со којшто се соочуваат Бугарите во РС Македонија. Ова во емисијата „Hyde park“ на порталот Трибуна го изјави Ѓорѓи Трендафилов, активист за правата на Бугарите во земјата.

„Таа не е од случувањата по потпишувањето на Спогодбата од 2017 па наваму, ниту пак во последните 20 или 30 години. Таа е негувана многу подолго време затоа што, мислам дека сме зборувале и во минатото на таа тема, архетип за непријател за Република Македонија, претставува и Република Бугарија и Бугарите во целина, со сите специфики што тоа го носи на политички, културен, национален или било кој друг пат да ви падне на памет“, вели Трендафилов.

„Стигматизацијата во таа улога, како архетипски непријател, си го дава резултатот во рамките на она што го нарекуваме дискриминација, која е природен, би рекол логичен слет на генералното стигматизирање на она што претставува современа Бугарија денес во Македонија“, додава Трендафилов.



Слични Објави