(ВИДЕО) УБАВА ВЕСТ ОД ШТИП: УШТЕ ЕДЕН ПАЦИЕНТ ИЗЛЕКУВАН ОД КОРОНАВИРУС

/

Убава вест доаѓа денес од Штип. Уште еден еден пациент кој беше заразени со корона вирусот е со два последователни негативни резултати и тој се сметаат за излекуван. Станува збор за пациент од исто семејство како и претходно излекуваните двајца пациенти кои инфекцијата ја добија по престој во Србија.

Со ова бројката на излекувани во Штип се искачи на пет и во моментов , активни се 22 случаи со коронапозитивни пациенти:
„Посакувам овој тренд на излечени да продолжи да расте а граѓаните да ги почитуваат и понатаму препораки за превенција и заштита а наскоро и да чекуваме и добри вести од министесртвото за здраство за забраната за движење“ изјави Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип.

Од друга страна, позитивен резутата на КОВИД 19 се покажа кај едно лице од Чешиново Облешево, вработено во општината : За останатите се чекаат резултатите.

Нов пациент со коронаинфекција има и во Пробиштип, со што бројот на заразени во оваа општина се искачи на два.

Во моментов на Инфективното одделение се хоспитализирани вкупно 13 пациенти, од кои девет се позитивни на Ковид 19 и се со средна клиничка слика, а за остантите четворица пациенти, кои се со сомнителни симптоми се чекаат резултатите од брисевите.

Во моментов на ова одделение има пациенти од Штип, Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево. За нив, се грижат двајца инфектолози од Штип и Струмица и еден специјализант, а од Министерството за здравство има најава дека на помош деновиве ќе пристигне и инфектолог од Кочани.





Претходна статија

УАПСЕН ДИРЕКТОРОТ НА ДОМОТ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО НИШ, КАДЕ ШТО СЕ ЗАРАЗИЈА 135 КОРИСНИЦИ И ВРАБОТЕНИ

Следна статија

ШИЛЕГОВ ЧЕКА ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ОД ОПШТИНА ЦЕНТАР ЗА ДА ПОЧНЕ СО УРИВАЊЕ НА СКОПЈЕ 2014

Најново од Вести