|

(Видео) Украина нареди извидничката единица со беспилотни летала да го напушти Бахмут

Извидувачката единица на украинската армија опремена со беспилотни летала доби наредба да го напушти Бахмут, град кој руските сили очајно се обидуваа да го освојат со месеци.

Ова го потврди командантот на единицата Роберт Бровди во видео објавено утрово на Телеграм.

„Во средината на ноќта, беше наредено веднаш да се напушти Бахмут и да се продолжи со борбените операции на друго место“, рече тој.

Руските сили, последниве денови напредуваа во правец на Бахмут по повеќемесечно гранатирање и борби во околината на градот.

„Ќе ја послушаме наредбата“, рече Бровди, додавајќи дека не знае зошто се преместува неговата единица.

Слични Објави