|

(ВИДЕО)ВОЕН ХЕЛИКОПТЕР НА НАТО ПАДНА ВО СРЕДОЗЕМНО МОРЕ

Воен хеликоптер кој учествувал во вежба на НАТО во Медитеранот се урнал во морето меѓу Грција и Италија, соопшти денес канадската војска од чиј носач полетал хеликоптерот.

Грчката телевизија ЕРТ објави дека остатоците од хеликоптерот и едно тело се лоцирани синоќа, додека уште пет лица се водат како исчезнати.

Хеликоптерот „циклон“ се наоѓал на носачот на авиони Халифакс и бил користен во вежба на НАТО во близина на грчкиот брег.

Во тек е операција за потрага и спасување“, стои во краткото соопштение на канадската војска, соопшти Ројтерс.

Слични Објави