(ВИДЕО) ЗАБРАНЕТИОТ ГРАД ВО КИНА

Забранетиот град или забранетиот дворец кој е лоциран точно во центарот на стариот град Пекинг, бил царски дворец за време на династиите Минг и Чинг. Денес е познат како „музеј-дворец“ и комплексот зафаќа површина од 720.000 м², 800 објекти со 8.000 простории. Како таков, тој според УНЕСКО важи за најголемата збирка на зачувани стари дрвени градби во светот, и бил прогласен за светско културно наследство на УНЕСКО во 1987 г. како „Царски дворец на династиите Минг и Чинг“. Дворецот се наоѓа северно во непосредна близина на Тјенанменскиот плоштад и во него може да се влезе преку Тјенанменската порта. Неговото опкружување се нарекува Царски град.

Иако во него повеќе не живее царското семејство, Забранетиот град е симбол на кинеската државност и на главната порта стои сликата на амблемот на НР Кина. Музејот во него е една од најголемите туристички атракции во светот. Во последно време се одвиваат многу реновации кои го имаат ограничено пристапот на неколку внатрешни дворишта и градини.

Местото на кое се наоѓа забранетиот град пред тоа било дел од царскиот град за време на династијата Јуен. Кога династијата Минг дошла на власт, првиот цар Хунгву ја преместил престолнината во Нанџинг и во 1369 наредил да се срамнат со земја монолските дворци. Неговиот син, Џу Ди, бил назначен за Принц на Јан со престолнина во Пекинг. На ова место бил изграден принцов дворец. Во 1402, Џу Ди го узурпирал престолот и станал Цар Јунгле. Тој ја вратил престолнината во Пекинг и започнал со планирање на нов царски дворец кој ќе му биде рамен на оној во Нанџинг.

Изградбата на Забранетиот град започнала во 1406 и биле потребни 14 години и 200.000 работници за таа да се заврши. Главната оска на новиот дворец се наоѓа источно од дворецот на династијата Јуен, дизајн наменет да ја постави другиот дворец во западна или „убиствена“ позиција. При копањето на шанецот околу дворецот, земјата се натрупувала северно од дворецот за изработка на вештачко брдо, Џингшанското брдо.

Од завршувањето во 1420 до 1644, во селската буна под водство на Ли Зиченг дворецот бил нападнат како седиште на династијата Минг. Династијата Чинг која следела по неа исто така била сместена во Забранетиот град. Во 1860, за време на Втората Англо-кинеска Опиумска војна, британските сили успеале да се пробијат до средиштето на Забранетиот град и го држеле под окупација сè до крајот на војната. Англија е едиствената земја која го постигнала ова.

По здомувањето на 24 цареви—четиринаесет од династијата Минг и десет од династијата Чинг —Забранетиот град престанал да биде политички центар во 1912 со абдикацијата на Пу Ји, последниот кинески цар. Но тој сѐ уште живеел во Забранетиот град, сè до пучот на еден генерал во 1924. Играјќи улога на царски дворец околу 500 години, Забранетиот град содржи многу богатства и куриозитети. Во 1947, многу артефакти биле поместени во Националниот дворски музеј во Тајпеј, Тајван од страна на Чанг Кај-Шек.

Поединечните згради во рамките на Забранетиот град биле дом на многу важни членови на аристократијата. Во овие згради се одржувал славниот испит за државни службеници. Царската боја била жолтата, и тоа е бојата која предоминира на покривите. На секој агол од покривите наоѓаме мали статуетки, чиј број ја означувал моќта на лицето кое живее внатре. Бројот 9 бил за царот. Само една зграда има 10 статуетки на секој агол.