(ВИДЕО) ЗАЕВ ПРЕД БУГАРСКАТА АГЕНЦИЈА БГНЕС: НИЕ ИМАМЕ ЗАЕДНИЧКА ИСТОРИЈА, ДОГОВОРОТ ЌЕ СТАНЕ ЗАКОН

„Ние немаме споделена историја. Ние имаме заедничка историја. Гоце Делчев е револуционер и за Бугарите и за Македонците кој што се борел за слободата и на Македонија и на Одринско. Наследивме време што не беше во корист на нашето пријателство. Југославија не разделуваше. Ако не ги признаеме слабостите на историјата не можеме да градиме иднина. Треба да создадеме позитивна атмосфера за младите луѓе за да го искористат минатото како добар чекор за подобра иднина во периодот што претстои. Бугарија не е фашизам, Бугарија е наш пријател. Новите поколенија не ја знаат целата таа реалност а истата таа треба да не сплоти. Ако некој си дозволи да ја оцрнува Бугарија со ПР публикации низ светот ќе понесе одговорност. Тоа нема да го дозволам. Државата не учествува во тоа. Длабоката држава остана во ВМРО-ДПМНЕ. Спроведувањето на Договорот со Бугарија ќе биде закон“, тоа го изјави во ексклузивно интервју за агенција БГНЕС, премиерот на Македонија, Зоран Заев. Повеќе во видеата што следат:

loading...


loading...