(Видео) Зеленски: Болниот дедо од Црвениот плоштад нема да ни ги диктира неговите црвени линии
„Нема да дозволиме земјата каде што по право треба да се вее сино-жолтото знаме, да се претвори во тампон зона. Болниот дедо од Црвениот плоштад, кој постојано им се заканува на сите со црвеното копче, нема да ни ги диктира неговите црвени линии Како да живееме, кој пат да го следиме и каков избор да направиме – тоа ќе го одредат само Украина и Украинците“. Ова го рече претседателот Володимир Зеленски во своето денешно видео обраќање по повод Денот на независноста на Украина.

