| |

Вигенин: Северна Македонија треба да ја придобие поддршката на бугарските граѓани, доколку сака да стане дел од ЕУ

Доколку Северна Македонија, сака да стане членка на Европската унија, треба да ја придобие поддршката на бугарските граѓани, изјави бугарскиот европратеник од групата на Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите, Кристијан Вигенин, пренесува бугарскиот дневен весник 24 часа.

Во подкастот „#Балкани“ на Бугарската национална телевизија, Вигенин рече дека не е доволно претставниците на земјата да ги посетуваат европските престолнини и да бараат поддршка во Европскиот парламент.

Според него, истражување на агенцијата „Мјара“, нарачано од неговиот тим, покажува дека бугарските граѓани во принцип го поддржуваат проширувањето на ЕУ, но имаат различен однос кон одделните земји-кандидатки.

Позитивните ставови преовладуваат кон повеќето кандидатки, додека односот кон Северна Македонија, а особено кон Украина, е понегативен, рече Вигенин.

Тој оцени дека односите меѓу Софија и Скопје во последните години не се нормализираат, туку се развиваат во спротивна насока. Според него, властите во Северна Македонија треба да вложат напори за создавање попозитивна слика за земјата во Бугарија и да ги исполнат преземените обврски.

Вигенин нагласи дека бугарските граѓани прават разлика меѓу општиот однос кон одредена соседна држава и проценката дали таа е подготвена за членство во Европската унија.



Слични Објави