| |

Вистинските избори доаѓаат по овие*

Ивон Величковски

Зошто соблазнување од дружбата на Црвенковски со фунцкионери од власта, но не и од идејата за “Голема коалиција” на ВМРО-ДПМНЕ со СДСМ на Фрчкоски?

Затоа што обете се израз на истата немоќ на двете партии. Или принуденост, сеедно.

И во таа немоќ – секој преговара со секого бидејќи не се зборува за постигнување национални цели, туку за лични и тесни групни интереси.

Тука не станува збор ниту за партиски интереси.

Партиските интереси се темелат на што побројно застапување и примена на програма втемелена на локални и/или национални интереси.

Низ институциите, врз основа на освоени гласови на избори.

А интересите на поединците и ним блиските “елити” не се колективни па оттука – ниту се локални ниту национални.

Ова е причината за опасноста – на “Белата палата” сосе подружницата во “Бихаќка” и сите нивни фабрикати – од очекуваниот пад на излезноста.

Сега останува “независните инфлуенсери” да притискаат да се гласа за производите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, макар по случаен избор.

Тешко. И како нација и како граѓани знаеме дека не заслужуваме вакво поигрување со нашата интелигенција.

И дека вистинските избори доаѓаат по овие.

*Насловот е на редакцијата.



Слични Објави