| |

Влада на Република Бугарија: Нема услов Бугарија да прифаќа бегалци заради влезот во Шенген зоната

Успехот на Бугарија да стане дел од Шенген зоната, најпрво по воздушен и по морски пат, дојде во средина на големи дезинформации од земјите кои сакаат да ја одвратат нашата земја од нејзиниот европски пат и од високиот животен стандард на луѓето во нашата земја. Како? Со вообичаениот метод на ширење страв и омраза преку лажни вести, стои во објавата на официјалната facebook страна на бугарската влада.

Лажна е веста дека Бугарија се согласила да прифати 6.000 Сиријци и Авганистанци во договорот според новите услови на Австрија за укинување на ветото за Шенген.

Фактите се следните: нема нови услови поврзани со бројот на мигранти од Сирија и Авганистан што Бугарија ќе ги регистрира како земја членка на Шенген. Нашата земја ќе продолжи, како и досега, да ја спроведува Даблинската регулатива, потпишана пред повеќе од 10 години. Еве ги резултатите од почитувањето на регулативата во 2023 година според податоците на Државната агенција за бегалци во склоп на бугарската влада:
Бараните дојдовни трансфери од Австрија во Бугарија се 193, од кои реално се извршени 113.
Вкупно 55 од трансферите од Австрија во Бугарија се префрлени преку организирани 11 чартер летови.
Распределбата на пренесените лица во 2023 година според нивната национална припадност е следна: Сирија (69), Авганистан (24), Мароко (17), без државјанство (1), Иран (1), Турција (1).

Борбата против дезинформациите ќе биде важна задача за владата оваа година. Добрата вест е што на патот кон целосна интеграција на Бугарија во Европа, фактите ги разоружуваат лажните вести и пропагандата, стои во објавата на бугарската влада.



Слични Објави