Владата и СОНК договорија континуиран дијалог до постигнување заеднички договор

/

Делегација на Владата, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, попладнево имаше средба со Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), на која е договорено продолжување на континуираниот дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија, соопшти владината Прес-служба.

– На средбата се разговараше за барањата на СОНК и на истата е донесен заеднички заклучок дека Владата е отворена за континуиран дијалог со цел изнаоѓање одржливи и системски решенија кои ќе постават рамка која ќе го заштити стандардот и интегритетот на наставниот кадар, а со акцент на стартната позиција врзана со социјалниот статус на вработените во воспитно-образовниот систем како основ за понатамошните разговори, се наведува во соопштението.



Во состав на владината делегација покрај Ковачевски, биле и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министрите за образование и наука и за финансии, Јетон Шакири и Фатмир Бесими. Делегацијата на СОНК ја сочинувале претседателот Јаким Неделков и членови на Советот на Синдикатот.

Претходна статија

Блинкен: САД се сомневаат во сериозностана Русија во однос на преговорите со Украина

Следна статија

Отстранување на 20% од Уставот, ДУИ и АА очекуваат тоа да се случи кога ќе се отвори Уставот

Најново од Вести