|

Владата на Казахстан поднесе оставка

Владата на Казахстан поднесе оставка, соопшти кабинетот на казахстанскиот претседател Касим Жомарт Токаев.

Од кабинетот на Токаев не соопштуваат зошто владата на чело со премиерот Алихан Смаилов поднела оставка.

Во соопштението се наведува дека вршител на должноста премиер привремено ќе биде првиот вицепремиер Роман Скљар.



Слични Објави