|

Владата одобрила средства за исплата на долгот за струја на дел од институциите кон ЕВН, се чека одобрение и од Собранието

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Владата ќе ги покрие долговите за неплатена струја на државни институции кон ЕВН кои добија рок до 15 месецов да го исплатат долгот за струја до компанијата.

Тој кажа дека Владата одобрила прераспределба на средства за подмирување на долгот, а како што додаде, предлогот ќе биде доставен до Собранието на одобрение со цел да се обезбеди непречено работење на овие институции.

Дел од државните институции во земјава, меѓу кои Клиничкиот центар и „Железници – транспорт“ имаа рок од ЕВН до 15 овој месец да го платат долгот за потрошена електрична енергија, во спротивно би биле исклучени од мрежата.

Слични Објави