Власта вели се е подготвено за пописот, ВМРО-ДПМНЕ останува на барањето да биде електронски
Се е подготвено за спроведување на пописот. Државата има капацитет и ќе ја реализира оваа исклучително важна статистичка операција. Обезбедени се комплетните мерки, екипирани се и попишувачите.
Ова е ставот на Владата, наспроти предлогот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ пописот да биде електронски поради актуелната епидемиолошка ситуација, пренесува zoom.mk.
Премиерот Зоран Заев вчера уште еднаш апелира на сериозност. Потсети дека 20 години во земјава не е направен попис. Попис мора и ќе има, порача Заев. Веднаш следуваше реакција од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата ја обвини Владата за аматеризам во однос на тоа како ја води целата операција околу пописот. Воедно апелира Заев и Државниот завод за статистика (ДЗС) да се договорат дали има доволно попишувачи.
Целиот напис прочитајте го овде.
