ВМРО-ДПМНЕ: ДАЛИ СУМАТА ОД 187 МИЛИОНИ ЕВРА ОД АНЕКСОТ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ЗНАЧИ ПРОВИЗИЈА ЗА КАРТЕЛОТ НА ВЛАСТ ОД 67 МИЛИОНИ ЕВРА?

Вести Истакнато Македонија

СДСМ повеќе од година ипол ја кочи изградбата на автопатот Кичево – Охрид. Неспособноста на власта ги чини граѓаните година ипол – период во кој на автопатот не е преземено ниту едно градежно дејствие, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Власта ја покачи сумата за реализација на автопатот за 187 милиони евра. Власта цела година ипол не може да се договори колкава ќе биде сумата на анексот. Сугарески пред година дена излезе со бројка од 120 милиони евра, за сега Анѓушев да тврди дека истиот ќе чини 187 милиони евра повеќе. Тоа е разлика од 67 милиони евра.

Каде отиде разликата од 67 милиони евра, дали се работи за договорање и преговарање за поголема сума, земал ли некој провизија од картелот на власт во висина од 67 милиони евра?

Дали граѓаните чекаа година ипол за продолжување на градбата само за некој од власта да се договори за 67 милиони евра повеќе?

Граѓаните очекуваат одговори. Се е на виделина. Автопатот не се гради повеќе од година ипол. Автопатот чини 67 милиони евра повеќе отколку што СДСМ велеше.

Помина речиси половина од мандатот на СДСМ, а никаде ги нема 600 километри нов автопат, 550 километри магистрални патишта и 1100 километри локални патишта. Половина мандат им помина, а нема ниту еден инфраструктурен проект.

Оваа неспособна и криминогена власт мора час побргу да си замине. Додека штетите по државата не се преголеми, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.