| |

СДСМ:  ЌЕ ИМА ОДГОВОРНОСТ ЗА ПРОПУСТИТЕ НА АВТОПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД

Антинародното раководство на ВМРО-ДПМНЕ признава дека мисли само на провизии и лично богатење. Пропустите на автопатот Кичево – Охрид направени заради договорените провизии и криминалните интереси на Никола Груевски и Миле Јанакиески се симбол на криминалот, корупцијата и неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.

Доколку изградбата на автопатот продолжеше по условите што ги договорила претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потребни ќе беа дополнителни 282 милиони евра пари, но Владата предводена од СДСМ преку одговорен и домаќински пристап ја спушти цената на дополнителните трошоци на 187 милиони евра, односно се заштедуваат 95 милиони евра пари на граѓаните.

За криминалниот договор за автопатот отворен е случајот „Траекторија“ за проневера на 155 милиони евра народни пари, а главни осомничени се носителот на криминалот Никола Груевски и неговата десна рака Миле Јанакиески.

Провизии, криминални тендери и корупција беа одлика на 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ предводено од носителот на криминалот, Никола Груевски. Одбраната на криминалот и работењето против интересите на граѓаните се одлика на актуелното антизападно раководство на ВМРО-ДПМНЕ предводено од пионот Мицкоски. Затоа врвот на ВМРО-ДМНЕ шири лажни вести и е против ЕУ и НАТО.

Владата предводена од СДСМ ги санира штетите од криминалното владеење на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски и продолжува да спроведува мерки што обезбедуваат развој на инфраструктурата, економски раст и повисок животен стандард на сите граѓани.

Автопатот Кичево – Охрид ќе биде изграден, правда и одговорност за сторените дела ќе има, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.



Слични Објави