ВМРО-ДПМНЕ ГО ОБЈАВИ ПОЧЕТОКОТ НА „КАСТИНГОТ“ ЗА НИВЕН КАНДИДАТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ
Сите оние кандидати, кои ги исполнуваат законски предвидените обврски и услови за кандидирање за кандидат за Претседател на Република Македонија и кои се согласуваат и ги поддржуваат политиките на ВМРО-ДПМНЕ и сметаат дека се потенцијален кандидат, треба да поднесат индивидуално писмо за изјавување на интерес за кандидирање на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ за избор на кандидат за Претседател на Република Македонија, најдоцна до 31.01.2019 година до 18:00 часот, во просториите на централното седиште на ВМРО-ДПМНЕ, тоа е плоштад ВМРО, Палата Христо Татарчев бр.1, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

