ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е единствена земја која има политички затвореници

//

Република Македонија го достигна дното. Република Македонија во моментов е единствена земја која има политички затвореници и е рамо до рамо со земјите во кои владеат режими, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Владата и судскиот систем во дослух едни со други монтираат политички случај и држат во притвор 3 месеци невини патриоти кои гласно говореле против aктуелните политики .

Мерката притвор е злоупотребена. Невини глумци, режисери, пратеници, граѓани се држат во притвор во катастрофални услови каде што се изживуваат врз нив.

Судот наместо да гарантира правда за сите, тој е најголем подривач на правниот систем. Наместо да гарантира заштита на Уставот и законите, Судот работи спротивно на нив и во дослух со Владата на СДСМ е најголем и најдиректен виновник за продлабочување на политичката криза.

СДСМ никогаш нема да успее да ги замолчи сите кои се критички настроени кон нив.



Со секој изминат ден на невините патриоти во притвор, Судот го продлабочува јазот помеѓу наелектризираните страни во државата.

Реваншизмот и одмаздата кои ни се случуваат во моментов еден ден ќе бидат ревидирани и сите одлуки ќе бидат преиспитани.

Затоа, уште веднаш невините патриоти да се пуштат на слобода,  се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Претходна статија

Повторно судење за предметот „Тенк“

Следна статија

Средба на пратеникот Груби со американскиот дипломат Метју Нимиц

Најново од Вести