|

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Шилегов потрошија 4 години и ништо не направија за јавниот транспорт

СДСМ и Петре Шилегов како ексградоначалник на скопјани им потрошија 4 години, а ништо не направија за јавниот транспорт во градот и сообраќајниот хаос. Четири години мавтаа со хартија и зборуваа за проектот „БРТ“, кој патем крајно нетранспарентно без мислење на експертската јавност го наметнуваа. На крајот уште понетранспарентно непосредно пред изборите и го тендерираа, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека овој проект е поврзан со големи сомнежи за корупција, кои, како што велат, ќе бидат детално истражени и презентирани пред јавноста.

„Петре Шилегов и СДСМ на скопјани им должат одговори зошто цело време кријат колку зеленило треба да се уништи за спроведување на проектот ‘БРТ’? Да потсетиме Шилегов освен што ќе остане запоменет како градоначалник кој изгради мост кој завршува во дневна соба , предвиде и уништување на мостот Обединети нации еден од клучните мостови во Скопје, содржано токму во проектот ‘БРТ’.

И на крајот и најважно, овој проект за кој говорат од СДСМ, освен што не е комплетно и детално испланиран, освен што чини огромни милиони, треба да се спроведе дури за 10 години. На Скопје му требаат проекти кои ќе понудат решение на актуелната состојба со сообраќајниот хаос и јавниот транспорт, која Шилегов ја остави и ништо не презеде во таа насока“, се вели во соопштението на партијата.

Извор: Temite



Слични Објави