ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ УДРИ ПО НАЈСИРОМАШНИТЕ, СЕКОЕ ДОМАЌИНСТВО ВО ПРОСЕК ПЛАЌА 12.000 ДЕНАРИ ПОВЕЌ ЗА ДИЗЕЛ ОД ЛАНИ

Една година СДСМ, една година зголемување на сиромаштијата. Цените на дизелот од јуни минатата година до денес се покачија за над 40%. Од 46 денари за литар дизел во 2017 година, граѓаните сега плаќаат 65 денари.

СДСМ удри по најсиромашните. Секое домаќинство во просек плаќа 12.000 денари повеќе за дизел од лани.

СДСМ не работи за граѓаните, затоа и ја покачи акцизата за 3.5 денари. Тоа предизвика директен трошок од над 40 милиони евра за граѓаните и за стопанството, а во исто време ја поттикна спиралата на раст на цените, со што трошокот за граѓаните е неколкукратно поголем.

Фрапантни се бројките кои покажуваат дека со една просечна плата во јуни 2017 година се купувале 487 литри дизел, а сега да можат да се купат само 364 литри, односно 123 литри помалку. Тоа е арачот на Заев и криминалниот картел околу него. Затоа Заев и картелот ги одбиваат предлосите да се укинат акцизите и граѓаните да плаќаат поефтино гориво.

Граѓаните се соочени со вистинско ценовно цунами, шок кој е на директна штета на најсиромашните. Власта со зголемување на давачките за сиромашните го полни буџетот кој го празни Зоран Заев и картелот кој го води.

Државата тоне во економска смисла и тоа граѓаните го чувствуваат. Се помалку производи можат да се купат со една просечна плата. Граѓаните живеат полошо и тоа секојдневно го чувствуваат.

Република Македонија, не само што нема мрднато од место, на економски план, туку и е уназадена. СДСМ ја води државата кон банкрот и беспарица незабележана во македонската историја. Оваа ненародна власт мора да си замине. Нема да дозволиме државата да продолжи кон бездната.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани на Република Македонија, кои не се сложуваат со економската катастрофа која и се случува на државата на 2 јуни во 20 часот пред владата на Република Македонија да излезат и да кажат НЕ за економскиот колапс, за распродажбата на националните интереси, за заробената држава и партизираното судство. Република Македонија заслужува подобро. Ти заслужуваш подобро, се вели во соопштението на политичката партија СДСМ.