| |

ЗАЕВ ВО ПОСЕТА НА МАЛТА

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Република Малта. На првиот ден од посетата, на 29 мај, премиерот Заев ќе оствари средба со претседателката на Малта, Мари Луиз Колеиро Прека, со премиерот на Малта, Џозеф Мускат, по што ќе биде остварена пленарна средба меѓу двете владини делегации. Заев за време на официјалната посета ќе се сретне и со претседателот на Собранието на Република Малта, Анџело Фаруџиа.



Слични Објави