ВМРО-ДПМНЕ: СКОПЈЕ СО ДЕНОВИ Е НАЈЗАГАДЕНИОТ ГРАД ВО ЕВРОПА

Вести Истакнато Македонија

СДСМ донесе само црнила за државата и граѓаните. Скопје со денови е најзагаден град во Европа, а меѓу десетте најзагадени во светот. Проблем со загадениот воздух имаат и Битола, Струмица, Кочани, Куманово и други градови, но власта ништо не презема.

Ветуваа многу, а не реализираа ниту една мерка за подобрување на квалитетот на воздухот.

Нивото на загаденост на воздухот е од пет до десет пати над дозволеното. Тоа е опасно за здравјето на луѓето, кои секојдневно ги полнат медицинските установи ширум државата, но и за животната средина во целост.

Зоран Заев, Јани Макрадули и Петре Шилегов, повеќе сакаат да спијат во собрание и да играат игри, отколку да преземат нешто против енормната загаденост.

Наместо мерки кои ќе влијаат на подобрување на квалитетот на воздухот надлежните како министерот Садула Дураку со ароганција се однесуваат и настапуваат кон граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ предложи сет мерки кои власта треба да ги примени доколку навистина сака да се справува со загадувањето.

Дел од мерките кои власта може да ги преземе, а кои ги ВМРО-ДПМНЕ се:

  1. Да се обезбедат средства за набавка на печки на пелети и пелети, а тие средства да бидат обезбедени во буџетот за 2019 година, како најинтервентна мерка.
  2. Наместо субвенционирање во набавка на дрва на социјално загрозените семејства, да им се исплатат средства за сметките за потрошена електрична енергија.
  3. Да се забрани употреба на петрол, кокс, особено во услови на грејна сезона.
  4. Да се овозможи, со поддршка на МВР, пренасочување на движењето од централните градски подрачја на товарните возила и градежните машини, во услови на загаденост.

СДСМ не смее да се однесува игнорантски и наместо за потребите на граѓаните работи за сопствени интереси. Црнилата не смеат да продолжат, полните болници со луѓе кои имаат срцеви или белодробни проблеми причинети од загадениот воздух не смеат да бидат наше секојдневие. Црнилото мора да си замине. СДСМ мора да си замине. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои се против овие црнила да се приклучат на протесниот марш во среда кој ќе започне од плоштад ВМРО и ќе се движи до владата на Република Македонија. За да им кажеме НЕ на црнилата. Да го испратиме СДСМ во историјата.