ВМРО-ДПМНЕ: ВЕЛКОВСКИ И СПАСОВСКИ КРИВИЧНО ДА ОДГОВАРААТ ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА СЛУЖБЕНАТА ДОЛЖНОСТ

Вести Истакнато Македонија

Почитувани,

Констатирана е одговорност и злоупотреба на доскорешниот директор на БЈБ, Лазе Велковски.

Политичката одговорност нема никакво значење без понесување на правна одговорност, односно Велковски и министерот Спасовски како негов надреден мора да одговараат и кривично поради веќе признаената и констатирана злоупотреба на службена должност.

Владата на СДСМ да не се затскрива зад коалициски пазарења, туку да започне да ја практикува правната држава, се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.

Има директно признание од премиерот Заев дека Велковски е нивен политички кадар односно партиски член што е во спротивност со заложбите и обврските за непартизирана полиција.

Бидејќи е констатирана одговорност, Велковски и Спасовски кривично да одговараат за злоупотреба на службената должност и да не се кријат зад коалициските пазарења и кадровски смени.