| |

ВМРО-ДПМНЕ: ЗАЕВ ЈА ПОСРАМОТИ ДРЖАВАТА- ХОЛОКАУСТОТ БИЛ ЕВРЕЈСКА ТРАДИЦИЈА

Зоран Заев по втор пат ги наруши односите на Република Македонија со Израел. Заев ја посрамоти државата и го нарече најгрозоморниот настан во историјата на човештвото – Холокаустот – еврејска традиција.

Власта не успеа да го сокрие срамот. Медиумите од целиот регион експресно ја пренесоа веста и Република Македонија повторно беше најактуелна тема, но за потсмев и срам.

Заев по втор пат ги наруши односите она Израел и ги навреди евреите, откако уште во 2015 година се фалеше дека остварил средба со израелскиот вицепремиер, Шалом и разговарал за безбедносно финансиски прашања, па веднаш после тоа беше експресно демантиран.

Заев е човек кој ја руши репутацијата на Република Македонија кога и каде стигне.

Зоран Заев ги нарушува односите со нашите стратешки партнери и го загрозува угледот на земјата.

Зоран Заев и СДСМ мора да си заминат. Потребно е масовно излегување на претстојните претседателски и гласање за Гордана Силјановска Давкова, што ќе биде главна причина за распишување на предвремени парламентарни избори и крај на владата на Зоран Заев и СДСМ,се вели во соопштението на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ.



Слични Објави