Внесувањето на Бугарите во Уставот на РСМ не е билатерално прашање
Проф. д-р Огњан Минчев
Внесувањето на Бугарите во Уставот на РСМ не е прашање што подлежи на билатерални преговори меѓу Софија и Скопје. Ова прашање е дел од преговарачката рамка за РСМ, усвоена од Европската комисија и потврдена од сите 27 земји членки на ЕУ. Доколку Муцунски има желба за ревизија на оваа рамка, преговорите треба да ги води во Брисел, а не со бугарското Министерство за надворешни работи.
Меѓу двете земји постојат низа актуелни прашања што треба да се решаваат, но за тоа е потребна атмосфера на меѓусебна почит, а не на постојана клеветничка кампања, каква што режимот на Мицкоски континуирано води кон Бугарија. Ваквото однесување е без преседан за земја кандидат-членка на ЕУ кон земја членка и не може да придонесе за подобрување на односите меѓу Софија и Скопје.
За секое договарање се потребни две страни, по можност – добронамерни. Очигледно ќе треба да се почека падот на режимот на Мицкоски и слабеењето на вазалната зависност на Скопје од режимот во Белград, за да стане можно ново подобрување на односите меѓу Бугарија и РСМ.

