| |

Во Благоевград се одржа историска реконструкција „Илинденски камбани“ по повод годишнината од Илинденско-Преображенското востание

Историски спектакл-реконструкција се oдржа денеска во квартот Варош, стариот дел на Благоевград, јавува дописникот на БГНЕС од градот.

Настанот насловен „Илинденски камбани“ е посветен на 120-годишнината од Илинденско-Преображенското востание.

Во реконструкцијата учествуваа општина „Благоевград“, НД „Традиција“ Здружението „14 Македонски пешадиски полк“, а беа опфатени историски сцени и настани што ја одбележаа оваа најмасовна етапа од ослободителните борби на Бугарите од Македониja.

„Со денешнaта реконструкција им оддаваме почит на настаните што се случиле пред толку многу години“, рече Кирил Алексиев, директор на Регионалниот историски музеј во Благоевград.

Тој додаде дека во реконструкцијата учествуваат 30 луѓе кои го прикажуваат заземањето на Крушево и објавувањето на Крушевската република.

Реконструкцијата со интерес ја следеа десетици жители и гости на Благоевград.

Слични Објави