| |

Идентитетот како алатка за самоблокирање*

Илиja Стојановски

Тимчо Муцунски изјави дека во XXI век нема место за национализам од XIX и XX век, а идентитетот бил основно човеково право кое не требало да биде тема за преговори. Само што додека го зборува тоа, неговата држава го прави токму спротивното – подметнува идентитети, изопачува историја, преработува учебници. Јане Сандански, Гоце Делчев и други бугарски преродбеници се претставуваат во македонските учебници како нешто што никогаш не биле. Кога зборуваме за идентитет, прво да си одговориме – зошто Бугарите во Северна Македонија сè уште не се признаени во Уставот? Зошто една етничка група, која е мирна и лојална, нема исти права како останатите? Ова не е европски стандард. Ова е национализам во најчиста форма.

Муцунски тврди дека национализмот нема место во современа Европа. А типичен пример за национализам е токму тоа – одбивањето да се впишат Бугарите во Уставот. Како може да зборува за „европски вредности“ кога владата во која учествува спроведува дискриминација по етничка основа? Вистинскиот национализам не е во Софија, не е во Брисел – тој е во огледалото на Муцунски. Ако сака да го победи, нека почне од самиот себе. Не Бугарија го покрена прашањето за јазикот и идентитетот во европските извештаи – самата Северна Македонија го направи тоа. Целта? Да се одигра улогата на жртва, да се продаде патриотизам за домашна употреба, намерно да се блокира процесот. Ветувањата кон Србија дека ќе се одложи интеграцијата во ЕУ не се тајна. Во исто време македонската дипломатија се обидува да „игра“ и со Европската Унија – но Брисел веќе не е наивен.

Извештајот на Томас Вајц јасно покажува дека српското влијание во Северна Македонија е реално, длабоко и опасно. Тоа ги блокира реформите, потхранува анти-европски расположенија и ја разјадува демократијата. Но македонските власти не само што не му се спротивставуваат, тие дури и го поттикнуваат. И целата таа конструкција е изградена со надворешна помош – од Виктор Орбан, кој ја вовлече македонската држава во замка со кинески кредити, но со унгарски потпис затоа што му треба излез на Солун. Тоа го прави не затоа што Мицкоски му е симпатичен, туку затоа што си го гледа интересот на Унгарија. Денес веќе се земаат нови заеми – од Велика Британија, а се зборува и за трет. Економијата не функционира, здравството е во колапс, а градоначалничката на главниот град ја тепаат. Ова не е европски пат – ова е пат кон распад.

Вистината е дека пролетта во 2026-та ќе биде пресвртна. Орбан ќе падне – и со него ќе си замине целиот лажен модел кој тој го наметна во регионот. Потоа ќе дојде редот на Вучиќ. А како десерт на оваа политичка верижна реакција – ќе се урне и владата на Мицкоски. Тројцата ќе се срушат како кула од карти.

ЕУ веќе нема време за губење. Треба јасно и директно да се каже кои се условите: впишување на Бугарите во Уставот, отворање на досиејата на УДБА, реална борба против корупцијата и целосна судска реформа, која ќе го прекине овој система во која судот е зависен, обвинителството – покорно, а законот – глув. И можеби е време Европската Унија исто така да престане да биде толку деликатна и политички коректна.

Проблемот не е само во правата на Бугарите – проблемот е во целата шема на останати про-југословенски структури кои ја држат власта од сенка. Тие едноставно не сакаат државата да влезе во ЕУ, затоа што знаат што следи: ќе мора да се стави крај на неконтролираното задолжување од трети земји, ќе дојде европски мониторинг, и паричните текови кои сега течат во нивните џебови ќе пресушат. Само тогаш ЕУ ќе може со чиста совест да каже дека Северна Македонија е подготвена.

А дотогаш – фасадата нема да помине.

*Насловот е на редакцијата

Слични Објави