| |

Во Браила започнаа прославите по повод 155-та годишнина од основањето на Бугарската академија на науките

Во романскиот град Браила започнаа чествувањата по повод 155-та годишнина од формирањето на Бугарската академија на науките. Во одбележувањето зедоа учество претседателот на Бугарската академија на науките, академик Јулијан Ревалски и учесниците на 19-та Светска средба на бугарските медиуми, што почнува денеска во Одеса, јавува БНР.

На прославата, која се одржа во дворот на бугарската црква во Браила, присуствуваа и амбасадорот на Бугарија во Романија Радко Влајков, градоначалникот на Браила Маријан Добромир, ректорот на Софискиот универзитет проф. д-р Георги В’лчев, генералните директори на БТА и БНР Кирил В’лчев и Милен Митев, како и сите учесници на 19-та Светска средба на бугарските медиуми.

Претседателот на БАН, академик Јулијан Ревалски на новинарите од 14-те земји учеснички на средбата им подари по еден примерок од првиот бугарски учебник – „Рибниот буквар“ и со возбуда го најави почетокот на прославите по повод 155-та годишнина од основањето на БАН.

„Ова беше навистина големо достигнување, бидејќи можете да замислите народ без држава да се буди и неговите најпаметни умови да го создаваат Бугарското книжевно друштво како еден од клучните елементи на бугарската Преродба“.

Учесниците на средбата му оддадоа почит на големиот бугарски поет и револуционер Христо Ботев со поднесување на венци и свежо цвеќе на споменикот и местото каде што се наоѓала куќата во која престојувал бугарскиот херој.

Слични Објави