|

ВО БРАЗИЛ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 24 ЧАСА, 674 ПОЧИНАТИ, 13140 НОВОЗАБОЛЕНИ

Бројот на заболени во Бразил се зголеми за 13.140 и достигна 254.220, додека во Велика Британија се регистрирани 247.706 случаи на инфекција, покажуваат податоците на универзитетот Џон Хопкинс. Во изминатото деноноќие од ковид-19 во Бразил починаа 674 луѓе, со што смртниот биланс сега изнесува 16.792 лица. Бразил е на шесто место во светот по бројот на починати, пренесува Канал 5.

Државата Сао Паоло е епицентарот на епидемијата на коронавирусот во Бразил, како и нејзиниот главен град Сао Паоло, каде живеат повеќе од 21 милиони луѓе.



Слични Објави