Во Бугарија денеска се спроведуваат нови парламентарни избори

//

Во Бугарија денеска почна гласањето за четвртите парламентарни избори за помалку од две години.

Избирачките места беа отворени во 7:00 часот по локално време, а ќе бидат затворени во 20:00 часот, кога се очекува да бидат објавени првите излезни резултати.

Право на глас имаат 6 602 990 бугарски граѓани запишани во избирачкиот список. Отворени се 11 636 избирачки места, а во 9 369 од нив ќе се гласа машински, во 1 105 избирачки места ќе се гласа со два апарати, додека во 2 785 места, претежно помали градови и села бугарските граѓани ќе гласаат со хартиени ливчиња.

Регистриран е и зголемен број отворени избирачки места во странство, што на бугарските државјани надвор од земјата им дава можност да гласаат во максимален број.

На предвремените парламентарни избори во Бугарија учествуваат 28 политики формации, од кои 22 се политички партии, а шест се коалиции. Според родовата застапеност, вкупно 1 954 жени и 4 670 мажи ќе се борат за место во бугарскиот парламент кој брои 240 места



Предвремените избори беа распишани откако во јуни ѝ беше изгласана недоверба на коалицијата предводена од прозападниот премиер Кирил Петков.

Претходна статија

Заедничка изјава на Пендаровски и претседатели на НАТО земји-членки за руската одлука за анексија на украински територии

Следна статија

Радев: Гласав за ефективни институции- вистинските преговори за членство во ЕУ ќе почнат дури кога РСМ ќе ги вклучи Бугарите во својот Устав

Најново од Вести