Во Германија се протестираше против турската операција во Африн

/

Речиси 800 луѓе учествуваа на демонстрациите во Мајнц и Триер против турската операција во Сирија и
снабдувањето со германско оружје за турската армија.
Според полицијата во Мајнц, протестирале околу 400 лица кои излегле на марш во центарот на градот. Сличен е и бројот на учесниците во демонстрациите во Триер. Некои од
демонстрантите истакнале постери со забранета содржина  и поради оваа причина полицијата започна истрага против нив.
Турција ја започна операцијата “Маслинова гранка” во саботата, 20-ти јануари. Таа е насочена против курдските милиции во регионот Африн, северозападниот дел на Сирија. Во понеделникот, беа објавени фотографии на кои очигледно се гледа дека турската армија во операцијата ги користела борбените тенкови “Леопард 2”, кои се германско производство.



Претходна статија

Аеродромот ќе се вика „Божидар Димитров“?!

Следна статија

Борисов издејствувал 120 милиони евра од Европа за Македонија

Најново од Истакнато